Истражување: Нивото на антитела за Ковид-19 се намалува побрзо кај мажите
Нивото на антитела на Ковид-19 се намалува побрзо кај мажите отколку кај жените, покажа новата студија, чии резултати може да имаат импликации врз развојот на вакцина против вирусот, објави Гардијан.
Студијата вклучува 308 лица вработени во болници на Универзитетот во Стразбур лај кои е потврдено присуство на коронавирусот, претежно со поблаги симптоми на болеста. Нивото на различни антитела е измерено со употреба на три различни теста двапати во период од 172 дена.
Првото мерење покажа дека мажите постари од 50 години и оние со индекс на телесна маса поголема од 25, имаат највисоко ниво на антитела.
Второ мерење покажа дека нивото на антитела опаѓа повеќе кај мажите отколку кај жените, без оглед на возраста или индексот на телесна маса, се вели во студијата.
– Нашето истражување покажа дека мажите покажуваат посилен одговор во акутната фаза, изразен со повисоки нивоа на антитела, но дека со текот на времето се намалува многу побрзо отколку кај жените, каде што останува на многу постабилно ниво, рече Самира Фафи-Кремер.
Оливие Шварц, еден од авторите на студијата, рече дека се чини дека падот зависи од почетното ниво на антитела. – Ако нивото на антитела е поголемо, падот ќе биде побрз, но се уште не знаеме зошто точно, наведува Шварц.
Сабра Клајн од Универзитетот Џонс Хопкинс истакнува дека научниците кои работат на развој на вакцината треба да го анализираат и споредат одговорот на мажите и жените на вирусот со текот на времето, бидејќи е можно мажите да изгубат антитела и по вакцинацијата.
– Мажите можеби ќе треба да примат друга вакцина за да го одржат имунитетот за вирусот, тврди Клајн.
Ново на Сител
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште