Истражување: Луѓе со одредени гени речиси не се заразуваат со коронавирус
– Луѓето со одредени гени и карактеристики на крвната слика речиси не се заразуваат со коронавирус, открија руски научници во посебна студија. Водач на студијата е директорот на Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија Пастер во Русија, Арег Тотолијан, кој е и член на Руската академија на науките.
За време на студијата, тимот откри дека луѓето со високо ниво на интерферон-алфа, високо ниво на лимфоцити во крвта, како и носители на одредени генетски маркери, имаат зголемена заштита од коронавирусот, пренесува БГНЕС. Така, високото ниво на интерферон-алфа, молекула која се синтетизира од клетките на имунолошкиот систем и има директно антивирусно дејство, го намалува ризикот од инфекција на локално ниво. Доброто ниво на лимфоцити покажува дека лицето има помала веројатност да се зарази, но дури и ако е заразено, веројатно многу лесно ќе ја помине инфекцијата. Меѓу гените кои го кодираат човечкиот имунолошки одговор, научниците идентификувале два заштитни алели (различни форми на ист ген) и еден предиспонирачки за болести.
Претходно, група научници предводени од Фјодор Кондрашов од Австрискиот институт за наука и технологија открија дека новите варијанти на коронавирусот почнале да се шират по укинувањето на ограничувањата во многу земји.
Ново на Сител
-
СДСМ и денеска бара разрешување на Христовски од директор во АНБ
-
Владата останува на ставот дека АНБ и Агенцијата за разузнавање треба да бидат споени во една институција
-
Мицкоски не очекува турбуленции со цената на струјата по Нова Година
-
Кардиолошки има недостиг од ангиограф
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот