Истражување: Едно од три лица заборава да ги измие забите
Луѓето не обрнуваат внимание на здравјето на устата и забите, а денталната хигиена е ниско на нивната листа со приоритети. Ова го покажа најновото истражување, според кое, едно од три лица редовно заборава да ги измие забите, пишува „Индепендент“.
Истражувањето во кое учествувале 2.000 возрасни лица покажало дека постои неконзистентен пристап на денталната хигиена и оти луѓето не работат доволно на здравјето на своите заби и уста.
Еден од 10 анкетирани рекол дека користи гума за џвакање наместо паста за заби, а 80 отсто дека страдаат или се бореле од некои проблеми, како што се чувствителност (33 проценти), кариес (32 отсто) и крвавење (31 процент).
Здравјето на устата било ниско на листата со приоритети на анкетираните, кога е во прашање одржување на здравиот начин на живот, веднаш зад диета, тежина и ментално здравје. Само 9 проценти од испитаните сметаат дека тоа прашање е важно.
Шест од 10 испитани рекле дека не воделе доволно сметка за оралната хигиена, а 43 отсто од нив рекле оти не знаат како да одржуваат хигиена на уста и заби.
Стручните лица од таа област истакнуваат дека повеќето проблеми што се однесуваат на орално здравје можат да ги спречат или намалат со секојдневна орална хигиена.
- Кога се вели орално здравје, повеќето луѓе мислат на забите. Бактерии се наоѓаат и на јазикот, образите и непцето, па потребно им е слично ниво на заштита, како и на забите, за да се постигне здравје на целата уста - вели стоматологот Милад Шадрух.
Ново на Сител
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март
-
Нова НАТО опрема, армијата се модернизира
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот кај Василево, ќе интервенира хеликоптер на МВР и ЕР Трактор
-
Почнува кампањата „Македонско најдобро“