Истрагата ќе покаже кој потфрли со Мијалков, вели Заев
На денешната прес-конференција во владата, премиерот Зоран Заев запрашан во врска со случајот за бегството на Мијалков, дали ќе бидат со овој презентиран план ќе бидат превземени некои законски промени, затоа што самите институции и експерти посочија дека затаила координацијата меѓу обвинителството и останатите надлежни институции.
– Имавме успешна акција за натерување на беглецот да се пријави пред органите на прогонот. Истрагата мора да се спроведе до крај дали некаде затаил системот, дали има одредени слабости, дали кај институциите под извршната власт или во правосудството. Со тоа се надеваме дека ќе извлечеме поуки и ќе видиме каде се слабостите со цел нивно отстранување – одговори премиерот.
Tој напомена дека овој случај ги охрабри граѓаните дека е можна правда. Имало милион шпкулации во минатите години од секаков можен карактер, државата била 11 години под режим за сомневање за украдени стотици милиони евра, а истите „бушат“ системи.
– Овие пари предизвикуваат корпуција, рушат секакви системи, а дури и цели држави. Ние успеавме вакви процеси кои беа отворени од СЈО да ги придвижиме кон завршница, односно да се создадат услови да се завршат самите предмети. Денеска задволството кај мене, кај целиот наш народ е големо, кога има успешни завршници – рече Заев.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто