-->
-->
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-->
Комисијата за одлучување за судир на интереси отвори случај против хрватскиот претседател Зоран Милановиќ бидејќи ја однел сопругата Сања Мусиќ Милановиќ на фудбалскиот натпревар меѓу Хрватска и Италија во Лајпциг, објави ТВ Нова.
Комисијата го добила извештајот – претседателот и неговата сопруга патувале со државен авион, и нагласуваат дека ќе ги испитаат сите релевантни факти и околности и дека доколку се утврди дека има претпоставки за понатамошна постапка, Милановиќ ќе мора да даде изјава.
Комисијата претходно го отвори случајот за претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ кој со својот син отпатува на мечот со Шпанија со државниот авион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Струмичанецот каснат од пајак “Црна вдовица” закрепнува на Токсикологија
-
Кумановец едвај се спаси, со часови тонел во жива кал крај Пчиња
-
За некористените и скапи акцелератори, Таравари ќе побара помош и од обвинителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот