Истрага на ЦИА и ФБИ за истекувањето на тајните кон Викиликс
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и Федералното истражно биро (ФБИ) покренаа заедничка и координирана истрага за истекувањето на тајните и доверливи податоци што ги објави во вторникот Викиликс.
ЦИА, ФБИ, како и Белата куќа одбија да ја коментираат автентичноста на обелоденетите тајни.
Единствено ЦИА предупреди дека она што го објави Викиликс треба да ги загрижи Американците, затоа што откритијата имаат за цел да им наштетат на разузнавачките агенции и на нивната способност да ја заштитат САД од терористите и од другите непријатели.
Неименуван функционер на американската Администрација изјави дека целта на истрагате е да се утврди на кој начин Викиликс дошол до податоците и дали оној што ги предал се наоѓа во ЦИА или пак е од странство.
Најновиот инцидент со хакирањето на тајните на ЦИА за опременоста на Агенцијата да ги контролора смарт мобилните телефони и микрофоните на смарт телевизорите, доаѓа во време кога почнуваат формалните сослушувања за руското хакирање и за средбите на лугето од изборниот штаб на Доналд Трамп со руски официјални личности.
Поранешниот директор на ЦИА, Мајкл Хајден изјави за Си-Ен-Ен дека објавените тајни на Викиликс и нанесуваат штета на Агенцијата.
- Сигурно е само дека тоа ги прават САД и американските пријатели помалку безбедни, рече Хајден.
Ново на Сител
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка