Историската комисија реагира: Не сме „политички ферментирани“
Во вчерашното (31.08.2024) гостување на „Тема на денот“ поранешниот амбасадор изнесе неколку невистини за работата на Комисијата и покажа големо непознавање за работата на Комисиите и нивната улога во надминување на спорови како што е македонско-бугарскиот спор.
1. Поранешниот амбасадор изнесе невистина кога зборуваше дека изборот на членови на Комисијата бил извршен преку „политичка ферментација, преку потребите на политиката“ и „преку предлог на политичарите“. Тој како тогашен амбасадор во Софија требал да знае дека составот на Комисијата беше направен без никакво влијание на политиката и преку консултации кои тогашниот директор на Институтот за национална историја, Драги Ѓоргиев, ги водеше со повеќе членови на академската заедница по што беа избрани луѓе со соодветни познавања за прашањата кои Комисијата треба да ги работи. Тие луѓе беа и сѐ уште се членови на МАНУ, УКИМ, Институтот за национална историја и други високообразовни научни институции. Тоа се историчари, антрополози и политолози. Откако беше избран составот, тој беше потврден од страна на Министерството за надворешни работи и Владата без никаква интервенција или сугерирање. За потсетување, во изборот на првиот состав на Комисијата беа вклучени и професорите Александар Литовски и Ванчо Ѓорѓиев за кои тој има позитивно мислење. Дали тоа значи дека и тие луѓе во 2018 г. биле политички подобни на владата на СДСМ штом биле избрани на начин како што тврди Ѓорчев?
2. Во однос на работата на споменатите членови на Комисијата, Александар Литовски и Ванчо Ѓорѓиев, поранешниот амбасадор повторно изнесе невистини. Литовски не е сменет поради тоа што Комисијата почнала да разговара за периодот на Народноослободителната борба (1941-1945 година). Комисијата никогаш не разговарала на оваа тема. Причината за неговата смена колку што ни е познато, е неодговорното однесување на Александар Литовски поврзано со склучениот договор со МНР позади што стојат финансиски причини. За ова прашање ги повикуваме новинарите дополнително да побараат информации од службите во МНР и Владата со цел точно информирање на јавноста. Што се однесува до оставката на Ванчо Ѓоргиев, кој ја напушти Комисијата во периодот помеѓу двата круга на локалните избори во октомври 2021 г., тој тогаш наведе други причини, неаргументирано обвинувајќи двајца свои колеги од Комисијата, а не дека му било вршено притисок од МНР. Истовремено, потсетуваме дека ниту еден друг член на Комисијата не бил под никаков притисок да носи одлука или да постапува по насока на сега веќе поранешната власт.
3. Во однос на идејата на амбасадорот членовите да имаат подршка од фелата, покажува колку поранешниот амбасадор не ги познава работите. Не може да се очекува целосна подршка, затоа што секогаш ќе има луѓе кои ќе имаат различни ставови. Доколку сите исто мислиме, тогаш ние сме на добар пат на авторитарност, а начинот кој амбасадорот го предлага, всушност, побарува сите членови на академската заедница да имаат исто мислење.
Со почит,
акедмик Драги Ѓоргиев,
копретседател на Мешовитата мултидисциплинарна експертска комисија по историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со Јапонија
-
Македонски шуми започнуваат со обнова на расадниците
-
Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед
-
Преглед на вестите од светот
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство