Македонија
16. August 2022 - 16:36

Историчарите бурно реагираат по вчерашните одлуки на историската комисија

Ако цената на „заедничката историја“ е демакедонизација на легитимното културно наследство, тогаш таа е неприфатлива – стручната фела револтирана од одлуките на историската комисија велат дека Препораките се одглас на еден тоталитарен и заробен ум, а не плод на научно засновано толкување на сложените историски процеси на Балканот.

Претседателопт на Здружението на историчари, професорот Митко Панов во изјава за Сител вели дека комисијата се согласила да ги исполни сите бугарски барања и да се креира нова историја за потребите на политиката. Со ова Комисијата ги негира сите научни историски докажувања , а историските личности се бугаризираат.

Препораките се само уште еден обид да се проблематизира македонскиот идентитет, неговото потекло, историски развој и легитимитет, вели академик Катица Ќулафкова. Според неа политичкото инсистирање да се усогласат заеднички ‘препораки’ за т.н. заедничка историја на Бугарија и Македонија, при што сѐ што е заедничко е „бугарско“, е спротивно на теориските премиси на историските науки, категорична е Ќулафкова.

И овој, не прв, веројатно не е ни последен упад во востановената македонска историска свест и национална самосвест, е симптом на длабока општествена криза која ќе се одрази неминовно врз суверенитетот и постојната институционална структура на македонската држава и нација. Не може современиот политички интерес да ги менува произволно историските и националните приказни/толкувања влезени од Уставот и неговата преамбула. Тоа се култни и симболични места на колективната меморија и нивната ревизија се доживува како трауматична за Македонците и како агресија врз нивната историска и национална свест.

Професорот од Институтот за македонска литература Илија Велев со силна реакција за како што вели ревизијата која им се спрема на македонските учебници.Усогласените препораки за Цар Самуил  Во научна и во академска смисла текстот за цар Самуил одат во прилог само да се експонира „аргументот“ дека во поголем дел од историографијата Самуиловото Царство се сметало како „бугарско“.

Немојте до вулгарен степен да ја омаловажувате македонската наука и Вашите академски и научни колеги кои објавија импозантен број истражувања читани и цитирани и од најпрестижните светски научни центри. На тој начин ја правите ништовна и Вашата досега објавувана научноистражувачка продукција...Барем за Вашите деца и внуци покажете должна почит и повлечете се од позициите да служете како политикански партиски измеќари – а не како академски и интелектуални граѓани. вели Велев.

За експертската фела ова не е завршена работа. Историчарите најавуваат трибини на кои ќе се оспори сето она за што се согласи историската комисија кој носела одлуки без притоа воопшто се слушне ставот на познавачите. 

Инаку претседателот на мешовитата историска комисија Драги Ѓоргиев веќе ги објави препораките со кои се наложува заедничко чествување на светите браќа Кирил и Методиј, Наум и Климент Охридски и Цар Самоил.Согласно договореното ќе се менуваат и учебниците по историја за 6-то одделение во македонскиот, а за петти клас во бугарскиот образовен систем. За македонската страна овие услогласени решенија во ниту еден момент не задирале со самобитноста на македонскиот народ, историја и култура.