Истекува рокот за апликации за мерка 3 од ИПАРД програмата
Рокот за доставување апликации на јавниот повик за Мерка 3 од ИПАРД Програмата која се однесува за инвестиции во материјални средства во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи истекува денеска.
Со повикот им се овозможува на домашните претпријатија и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање преработувачки капацитети и опрема. Педесет отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка. Притоа, 75 отсто од средствата кои ќе бидат кофинансирани ќе бидат обезбедени од инструментот за претпристапна помош за рурален развој на европската унија ИПАРД 2014- 2020, а 25 отсто од државниот Буџет.
Со Мерка 3 од ИПАРД Програмата на располагање се 13,2 милиони евра. Таа се однесува на преработувачки капацитети за млеко, млечни производи, месо и производи од месо вклучително и јајца и живина, овошје, житарици, мелнички продукти, вино и шира. Дополнително, финансиската поддршка се зголемува за 10 отсто доколку се работи за инвестиции во згради или опрема чија намена е да се подобри енергетската ефикасност.
Земјоделските стопанства имаат уште 10 дена за подготовка на апликации за Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“. Рокот за доставување апликации за оваа мерка завршува на 9 февруари
Ново на Сител
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир