Македонија
30. јуни 2022 - 16:37

Истекува последниот ден на судиите и обвинителите на кои Собранието требаше да им го продолжи мандатот

Истекува последниот работен ден за судиите и обвинителите на кои собранието требаше да им го продолжи мандатот.. Министерот за правда, смета дека пензионирањето на 60 судии и 13мина обвинители, ќе предизвика сериозни последици врз правосудството.. Иако остануваат уште неколку часа до полноќ, според Тупанчевски, постоела можност да се усвојат измените на законот за работни односи кои ќе го продлжат работниот век на судиите и обвинителите.

Според синдикатот на правосудните органи, УПОЗ, со предлогот за продолжување на мандатите, се кршел уставот.. Предлагаат, недостигот на судии и обвинители да се надомести со кадар од стручните соработници. Тие да бидат избрани за судии и обвинители, според УПОЗ, доволно било да имаат обука од три до шест месеци.

„Наместо да се “тепаат“ со Собрание, за продолжување на мандатите на судиите и јавните обвинители, спротивно на Устав и Закон, нека погледнат во сопствените дворови и че видат дека има над 300 стручни соработници во судовите и јавните обвинителства, кои и те како ги исполнуваат условите за избор на судии и обвинители“, се вели во соопштението на УПОЗ.

Инаку, од правда велат дека во тек се и подготовките за израбтока на нов изборен законик, но Тупанчевски се закани дека ќе работат и без опозициската ВМРО-ДПМНЕ ако партијата не предложи свој претставник.

Од Социјалистичката партијата на Македонија, бараат во изработката на новиот изборен законик да бидат вклучени сите собраниски партии.. Велат, неразбирлива е тајноста и селективноста на учесниците вклучени во процесот.

„Дали г-динот Тупанчевски е лице за контакт помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или е министер за правда? 

Доколку е министер за правда, претпоставуваме дека е свесен за фактот дека каков било Закон мора да биде изгласан од Собранието на Република Македонија и дека за Изборниот законик е потребен консензус? 

Во тој случај потребно е да се повикаат претставници од сите политички партии претставени во Собранието. Наместо да се гледаат фудбалски утакмици, би било добро да се започне со сериозно извршување на должноста Министер за правда, со еднаков пристап кон сите“ Се вели во известувањето од Социјалистичката партија на Македонија.