Истакнат сенатор го предупреди Трамп да не го разрешува Мјулер
Највисоко поставениот демократ во сенатската комисија за разузнавање во САД, Марк Ворнер го предупреди претседателот Доналд Трамп дека ако го разреши специјалниот обвинител Роберт Мјулер, кој раководи соа федералната истрага за поврзаноста на претседателскиот тим со Русија, може да предизвика „уставна криза“.
Во говор на конгресна трибина, сенаторот Ворнер остро ги осуди се почестите напади од страна на републиканците и директно од Белата куќа околу непристрасноста на Мјулер, и инсистираше дека „истрагата треба непречено да продолжи“. Тој исто така предупреди дека би имало опасни последици доколку претседателот одлучи да помилува кого било од истрагата на Мјулер.
Минатиот викенд Трамп истакна дека воопшто не размислува да го разреши Мјулер, а адвокат на Белата куќа неколку пати подвлече дека претседателот нема намера да помилува кого и да е.
Според американските медиуми, Трамп не може директно да го разреши Мјулер, но критичарите на Белата куќа се сомневаат дека тој може да побара од функционери во Министерството за правда да го отпуштат, а потоа да ги разреши нив, ако не ја спроведат неговата наредба.
- Конгресот треба јасно да му стави до знаење на претседателот дека разрешувањето на специјалниот обвинител или секоја интервенција во неговата истрага преку претседателско помилување на клучни сведоци, е неприфатливо и ќе има итни и значајни последици, изјави сенаторот Ворнер.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито