Живот
20. January 2018 - 18:38

Исповед на Србинка: Не знаев што е достоинство додека не преминав во ислам!

Драгана Ј. (30) родена во Нови Пазар имала 25 години кога ја прифатила религијата ислам. Вели никогаш не сонувала дека поради љубов ќе премине во ислам и дека ќе се вика Алма. Но ваквите работи едноставно не се планираат. Тие се случуваат.

Драгана вели, дека само таа знае со колку препреки и негодувања од родителите, пријателите и роднините се изборила за да денес биде среќна и сакана мајка на три прекрасни, здрави и весели деца.

Така сака и да остане.

Екипата на српски Телеграф се сретнала со Алма во едно кафуле во српската престолнина. Алма носела фереџе и пиела турски чај. Првото нешто кое ја прашал новинарот на српски Телеграф било околу фереџето.

-Знаев дека тоа ќе биде првото нешто за кое ќе ме прашате. Знаете, размислував цела вечер за нашата средба, со смирен и задоволен поглед одговорила таа.

-Околу 3 часот по полноќ решив да не ве малтретирам со досадните и илјади пати раскажани приказни за историјата на фереџето. Ќе зборувам за себе. Воопшто не е важна религијата на која припаѓав пред да преминам во исламот. Бев девојка во вистинска смисла на зборот на 14 години. Тогаш прв пат ги забележав погледите на момчињата. Тогаш почнаа и да ме привлекуваат. Никогаш не бев срамежлива, раскажала таа

Умеев искрено да сакам и на тоа сум горда. Тоа беа години кога за прв пат искрено се заљубив.

-Не е важно како се викаше мојата прва љубов. Ми го скрши срцето и после него долго време бев сама. За ова ќе ме разберат сите жени кои некогаш искрено сакале. Го знаете ли она чувство кога имате толку силна болка во градите, која се плашите дека ќе ве убие? Тие денови сум сигурна дека никогаш нема да ги заборавам, признала Алма.

 

Она што на Алма во тоа време најмногу и пречело се безобразниот пристап на момчињата и погледите кои ги добивала.

-Алах ме создаде ваква каква сум...Велат дека згодна девојка, а јас не се противам. Што и да облечам успевам да привлечам погледи и внимание. Дали сум во фармерки или во фустан сеедно - резултатот е еднаков, искрено признала Алма при тоа додавајќи дека 10 години подоцна ја сретнала љубовта на нејзиниот живот.

Таа и Мустафа се запознале кога имала 24 години. Бил момент еден во милион, како што таа го нарекува. Уште од првата секунда Алма знаела дека тој е тој и дека поради Мустафа ќе направи се...ќе премине во ислам и ако треба ќе му се спротивстави на светот.

Фереџе прв пат облекла на 25 години. Вели, тоа се подразбира. Така сакало семејството на Мустафа, но и таа.

-Ги гледав мајката и сестрите на Мустафа како достоинствено носат фереџе и посакав и јас да го сторам тоа. Искрено...денес, после пет години можам да им кажам на жените дека не знаат што значи да се биде почитувана и достоинствена додека не облечат фереџе. Ги нема веќе оние понижувачки погледи од мажите, истакнува Алма.

Таа и додава дека нема поубаво чувство во светот кога знаете дека се што имате е резервирано за само еден маж - за неговите очи и поглед.

-Мислам дека нема потреба да ви кажам дека Мустафа никогаш не ме убедуваше да носам превез. Ова е мој избор, категорично изјавила Алма при тоа додавајќи дека е многу посамоуверена и поопуштена од кога почнала да се облекува по исламските верувања. Во животот се е прашање на избор, додала таа.