Исповед на снајперистот кој три пати на нишан ги имал шпанскиот монарх и Кристијано Роналдо
Шпанските обвинители побарале казна затвор од 9 години за Сантиаго Санчез Рамирез, кој тврди дека три пати заземал позиција од која со снајпер можел да го убие шпанскиот крал, премиерот и други високи државни службеници.
Рамирез тврди дека тоа го направил со намера да покаже колку е ранливо кралското семејство, но и политичарите и познатите фудбалери, пишува Сем Џонс за “Guardian”.
Така минатата седмица во централниот казнен суд во Шпанија било откриено дека Рамирез резервирал хотелска соба во близина на парадата одржана за денот на независноста во 2012. и 2013. година, а истото го повторил и на денот на крунисувањето на Кралот Фелипе VI во 2014. година. Во сите три случаи поставил телескопска видео камера, која го држела кралот Фелипе на цел, неговиот татко и поранешен крал Хуан Карлос, и премиерот Мариано Рахој.
Потоа тие видео снимки, од кои едната ја нарекол “Денот кога можев да го убијам кралот”, ја објавил на социјалните мрежи, заедно со нацртани мети на лицата кон кои целел. Обвинителите наведуваат дека видео снимките се професионално уредени и дека на “уверлив начин ги откриле можностите за атентат на јавни лица од висок профил, сугерирајќи дека такви напади е лесно да се извршат”.
Рамирез за шпанскиот интернет медиум El Confidentcial детално опишал како ја извел својата акција.
Имав оружје, вистинско оружје во актовката која ја понесов со себе. Го прошверцував оружјето низ сите полициски контроли. Само требаше да им ја покажам мојата лична карта и да им кажам дека одам во хотел. Тоа беше тоа. Никој не ми кажа ништо, а таму бев цела вечер и цел ден.
Покрај кралот и премиерот, Рамирез на нишан наводно ги имал и фудбалерите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Герет Бејл, но и претседателот на Реал, Флорентино Перез. Службениците на клубот кренале паника кога Рамирез им ги пратил фотографиите од играчите кои ги направил за време на нивните тренинзи.
Рамирез бил уапсен во 2014. година, а кај него биле пронајдени реплики на огнено оружје, како и деактивирано оружје. Но, пронајдени биле и пет вистински пушки и пет пиштоли. На темел на тие факти, нелегално поседување на оружје и муниција, обвинителите за него бараат казна затвор од девет години и 10-годишна забрана за барање на дозвола за носење на оружје, пишува Guardian.
Секако, потенцијалниот атентатор тврди дека тоа го направил за да укаже на недостигот на безбедносна контрола. Како и да е, тврди дека полицијата и политичарите неколку пати сакал да ги предупреди на безбедносните пропусти.
“Сакав да ги предупредам на сериозните безбедносни пропусти во Шпанија и да им демонстрирам како еден џихадист би можел да ги искористи. Но, никој не ме сфаќаше сериозно”, рекол Рамирез за El Confidencial.
Ново на Сител
-
Зеленски: Утре нови преговори со Русија, можно е планирање средба со Путин
-
Четиригодишно девојче почина од глад во Газа додека Израел го ограничува снабдувањето со храна
-
Гори планината Готен на тромеѓието на општините Берово, Василево и Радовиш
-
18 годишник со македонско потекло планирал терористички напади во Австрија
-
Киното се враќа во Кочани, „Мистер Бин“ го наполни дворот на училиштето „Никола Карев“
-
Мицкоски за коалицирањето со ЗНАМ и ВРЕДИ за локалните избори: Разговорите се конструктивни, сите детали ќе се знаат во втората половина на август
-
Министерот Алиу на средба со хонорарците во Тетовската болница, ќе има административен тест по што ќе следи вработување
-
Посебен режим на сообраќај во Куманово поради велосипедска трка, изменет и јавен превоз