-->
-->
Исповед на момче кое ја преживеа трагедијата кај Ниш: Луѓето плачеа, крв имаше насекаде
-->
Шеснаесет годишниот Димитрије Јовановиќ поминал со полесни повреди во несреќата која утринава околу 7:15 часот се случи кај Ниш, кога патнички воз удрил во автобус во кој најголем дел биле деца, и го преполови.
Момчето во изјава за РТС вели дека во автобусот има многу негови другарчиња.
- Јас бев позади, ништо не можеше да се види. Само возот удри и на два дела го подели автобусот. Седев, излегов надвор и видов луѓето плачат, крв насекаде. Почувствував како го удри автобусот и се подели на два дела, вели Димитрије.
Според последните информации на српските медиуми, во страшната несреќа загинати се пет лица, меѓу кои 15 годишно момче, а повредени се околу 30 кои се хоспитализирани во Клиничката болница во Ниш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani