Исплатени 512,5 милиони денари субвенции за повеќе мерки
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на 23.524 субјекти им исплати над 512,5 милиони денари субвенции.
Според директорот на Агенцијата, Никица Бачовски, сите кои стекнале право на користење финансиска поддршка, во еден ден и без селекција ги добиваат средствата кои им следуваат.
-Станува збор за исплата на следните мерки: директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот, и за оваа мерка исплатени се 411,5 милиони денари. На сметките на малите земјоделските стопанства кои се дефинирани според историски плаќања за претходните три години исплатени се 54,5 милиони денари, додека кај сите кои имаат заклани амортизирани несилии во регистриран кланичен капацитет исплатени се над 46 милиони денари, информира Бачовски.
Агенцијата, нагласува директорот, како и досега ќе продолжи да биде партнер на земјоделците, а субвенциите ќе се исплаќаат согласно динамиката на нивната обработка од страна на службите.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата