-->
-->
Исплатени 32,69 милиони денари субвенции на 2.127 земјоделци
-->
Владата исплати 32,69 милиони денари субвенции на 2.127 земјоделци за повеќе мерки, соопшти денеска Министерството за финансии.
На 2.025 сточари исплатени им се 27,5 милиони денари и тоа: 23,2 милиони денари на 1.933 земјоделци за производство и продажба на овчо, кравјо и козјо млеко, 2,26 милиони денари за обележани грла овци, 1,3 милиони денари за обележани грла говеда и 761 илјада денари за женски приплодни грла маторици.
Исто така, исплатени се 2,89 милиони денари за постоечки овошни насади, два милиона денари за постоечки лозови насади, 155.450 денари за поддршка на поледелството и 21.828 денари за градинарско производство на отворено и пластеници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд