Исплатени 2,5 милиони денари за обесштетување на поплавените објекти во општина Новаци
Општина Новаци ги исплати штетите од поплавите што во периодот јануари-април минатата година зафатија семејни куќи и придружни објекти.
Како што истакна денеска градоначалникот Лазар Котевски, исплаќањето се реализира со одлука на Владата, а средствата се обезбедени од државниот буџет.
- Поднесени беа 68 барања, 56 за првата поплава која се случи во периодот од 28 јануари до 8 февруари, и уште 12 за втората голема поплава од 29 март до 20 април. Сите баратели се обесштетени со вкупен износ од 2,5 милиони денари, рече Котевски.
Минатата година пелагониската општина Новаци во два наврата ја зафати поплава од досега невидени размери. Жителите имаа пријавено околу 300 барања за обесштетување на земјоделски посеви и површини, 68 барања за поплавени објекти, а една куќа беше целосно уништена.
Ново на Сител
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка
-
НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
-
Сончево и топло, температура до 36 степени