Искршени автомобилите на Шилегов и неговата сопруга, „ауди А5“ и „ауди Q5“
Непознат сторител ги оштетил автомобилите на скопскиот градоначалник Петре Шилегов и на неговата сопруга, кои биле паркирани пред зграда на улица Хелсинки.
Од МВР информираат дека синоќа околу 23.10 часот, лицето Ш.Ј. (49) од Скопје пријавила дека во периодот од 17,00 до 22,00 часот на 18.04. на ул. “Хелсинки“, поточно во паркингот пред зграда од страна на непознат сторител, биле оштетени нејзиното патничко моторно возило марка “Ауди К-5“, со скопски регистарски таблички и патничкото возило “Ауди А5“ исто така со скопски регистарски таблички, сопственост на нејзиниот сопруг Ш.П.
Притоа, констатирано е дека на возилото на пријавителката извршено е оштетување на предното лево крило, предниот лев фар , предната и задната лева врата и задното крило, а кај второт возило оштетено е предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и задниот гепек. Оштетувањето сторителот го извршил со употреба на физичка сила и остар предмет и незабележан од некого напуштил лице место.
Со оштетувањето причинета е материјална штета која дополнително ке биде утврдена. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Моделите на Ауди автомобили кои ги возат градоначалникот на Скопје и неговата сопруга може да ги погледнете подолу.
Ново на Сител
-
Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија
-
Станков: Интензивно работиме на обдукција на загинатите во пожарот во Кочани
-
Засега 12 пациенти префрлени во Белград, изгорениците им покриваат и до 28% од кожата | ВИДЕО
-
Таравари: Пациенти кои вчера не се пријавиле се пријавуваат денес во болница
-
Уште двајца спортисти жртви во пожарот во Кочани
-
Во трагедијата во Кочани животот го загуби и младиот кошаркар Петар Ивановски
-
Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани
-
Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА