Иско нападнат во Ерусалим
Шпанскиот репрезентативец Иско Алоркон бил во серозна опасност на стадионот во Ерусалим по завршувањето на квалификацискиот натпревар Израел-Шпанија (0:1) кога му се доближил еден навивач кој наводно кај себе имал нож.
Шпанија во понеделникот во Израел победи со голот на Иљараменди, со што само го потврди првото место во Г-групата, во која партиципира и Македонија. Шпанците од максималните 30 бода освоија 28.
По завршувањето на натпреварот, шестмина домашни навивачи успеале да влезат на теренот. Полицијата соопшти дека сите биле тинејџери и дека веднаш биле уапсени, а според локалните медиуми, еден од нив кој тргнал накај Иско кај себе имал нож.
„Тој се одвои од групата што влезе на теренот и започна да трчка кон Иско. Додека му се доближувал, од рацете му паднал нож, а полицијата успеа да го фати пред да стигне до фудбалерот“, пишуваат локалните медиуми.
Иско на теренот влезе во 66. минута кога го замени напаѓачот на Атлетик Билбао, Ариц Адурис.
„Не сме сигурни дали сакаше да повреди некој од фудбалерите и тоа ќе биде предмет на истрагата. Сите детали ќе бидат проверени“, рекол еден од припадниците на обезбедувањето.
Овие наводи на медиумите ги демантираа челниците на Фудбалскиот сојуз на Израел.
„Според информациите со кои располагаме, не постои индиција дека некој од тинејџерите што влегоа на теренот носел нож. Не знаеме како се појави оваа информација“.
Дека шпанските репрезентативци не биле во опасност и дека пред за време и по натпреварот немало никакви безбедносни инциденти, потврди и полицискиот портпарол Мики Росенфелд.
Ново на Сител
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште
-
Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“
-
18-годишник удрил со мопед во малолетно девојче при што се здобила со тешки телесни повреди
-
Кривична против двајца малолетници, физички нападнале друг малолетник
-
Кривична за 35-годишен скопјанец кој физички нападнал друго лице во Психијатриска болница Скопје