Исклучен дотокот на вода од новиот водовод во Тетово, водата може да се пие
Вода за пиење во Тетово во моментот има само од стариот водоснабдителн систем и истата може да се пие, информираат од ЈКП Тетово. На нивната Фејсбук страница првично беше објавено дека водата е загадена и не е пиење, но од раководството на работната единицата „Водовод“ објаснуваат дека веднаш потоа таа објава е тргната како несоодветна информација.
-Дотокот од новиот водоснабдителен систем поради заматување е автоматски прекинат. Водата за пиење од стариот водоснабдителен систем е во ред и тековни се користи. Дотокот од новиот водоснабдителен систем го прекинавме поради тоа што сензорите ни покажаа поголемо заматување како на почетокот на септември. Со тоа во градот има 100 литри вода во секунда помалку. Очекуваме за скоро време проблемот да биде надминат, за матноста на водата има соодветни сензори чии параметри ја покажуваат состојбата и тоа дали може да се пушти водата во системот, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на работна единица „Водовод“ при ЈКП Тетово.
И од Центарот за јавно здравје посочија дека прекинат е дотокот од новиот водоснабдителен систем поради заматување.
Според информациите од Јавното комунално претријатие Тетово количината на вода во овој момент е 250 литри во секунда.За да има нормално водоснабдување во Тетово потребни ми се над 300 литри вода во секунда.
Ново на Сител
-
Николовски: Компресорската станица работи без прекин, клиниките можат да кажат зошто не работат хируршките сали
-
Најмногу слободни работни места во секторот Административни и помошни услужни дејности
-
Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата
-
ГИК: СНС во Белград освои 52 отсо гласови, според ЦЕСИД и ИПСОС во Ниш го нема мнозинството
-
ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
-
Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови
-
Горивата поевтинуваат за половина денар по литар
-
Не помина ниту третиот кандидат за претседател на Уставниот суд