Македонија
27. September 2022 - 9:04

Исклучен дотокот на вода од новиот водовод во Тетово, водата може да се пие

Вода за пиење во Тетово во моментот има само од стариот водоснабдителн систем и истата може да се пие, информираат од ЈКП Тетово. На нивната Фејсбук страница првично беше објавено дека водата е загадена и не е пиење, но од раководството на работната единицата „Водовод“ објаснуваат дека веднаш потоа таа објава е тргната како несоодветна информација.

-Дотокот од новиот водоснабдителен систем поради заматување е автоматски прекинат. Водата за пиење од стариот водоснабдителен систем е во ред и тековни се користи. Дотокот од новиот водоснабдителен систем го прекинавме поради тоа што сензорите ни покажаа поголемо заматување како на почетокот на септември. Со тоа во градот има 100 литри вода во секунда помалку.  Очекуваме за скоро време проблемот да биде надминат, за матноста на водата има соодветни сензори чии параметри ја покажуваат состојбата и тоа дали може да се пушти водата во системот, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на работна единица „Водовод“ при ЈКП Тетово.

И од Центарот за јавно здравје посочија дека прекинат е дотокот од новиот водоснабдителен систем поради заматување.

Според информациите од Јавното комунално претријатие Тетово количината на вода во овој момент е 250 литри во секунда.За да има нормално водоснабдување во Тетово потребни ми се над 300 литри вода во секунда.