Ишингер реагира зошто Гренел организира состанок на претставници на Белград и Приштина
Германскиот дипломат Волфганг Ишингер револтирано реагираше на Твитер поради тоа што Ричард Гренел организира состанок на претставници на Белград и Приштина на 27 јуни во Белата куќа без координација со Европската унија. Гренел одговори дека е потребна акција, а не само разговори.
„Во спротивност со ЕУ? Реакција од Берлин, Париз, Брисел? Што ако ЕУ преговара за длабоки и инклузивни области на слободна трговија со талибанците?“, напиша Ишингер.
Гренел одговори со прашање зошто Ишингер не и предложи на Европската унија да преземе чекори кон визна либерализација.
„Ги поздравуваме сите активности, а не само разговорите“, возврати Гренел, алудирајќи на неефикасноста на Европската унија во дијалогот и политиката за ова прашање воопшто.
„Зошто не објавувате дека ЕУ треба да преземе чекори во врска со визите – што ветуваа со години? Народот на Косово и Србија заслужува напредок“, напиша Гренел на Твитер.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија