Исчезнувањето на таткото и синот е мистерија: Сведоштвата на нивните блиски отвараат нови прашања
Мистерија и голем број неодговорени прашања го обвиткаа исчезнувањето на 78-годишниот Љубомир и неговиот син, 50-годишниот Сашо кои исчезнаа на планината Бистра. Од нив седум дена нема ни трага ни глас, последната прошетка се претвори во драма која за жал сеуште нема крај.
Како што пишува Утрински, Полицајци, припадници на Единицата за специјални задачи, претставници од месната заедница, блиски на семејството Мицевски, жители на селото, туристи, вработени во Националниот пар „Маврово“, членови на Граничната полиција и кучиња-трагачи деноноќно го пребаруваа теренот кој е доста тежок и непрооден. Во вторникот била прегледана секоја грмушка и секое место на планината, но синот и таткото не се пронајдени.
- „Доколку се случела несреќа, сигурно ќе најдевме каква било трага од крв, облека, чевли, што било... Со денови во потрагата се вклучени професионалци од Скопје, кои заедно со неколку добри познавачи на теренот го пребараа целиот терен долж и попреку, нема шанси да не најдеме ништо ако навистина биле таму“, тврдат соговорниците за Утрински.
Како што пишува весникот, таткото бил пензионирано воено лице и според кажувањата, бил во одлична физичка кондиција, кому не му претставувало пречка да пешачи со часови. Синот бил поранешен полицаец. Двајцата со години го минувале теренот каде што исчезнале и практично го знаеле напамет. Биле вљубеници во природата, собирале шумски плодови. Во четвртокот тргнале по печурки... Дента, преку мобилниот телефон на татка си, Сашо неколкупати контактирал со сестра му Соња, која била во Скопје. Најпрво и' рекол дека паднале во бездна и побарале помош. Набргу потоа се премислиле, се јавиле дека се извлекле и оти ќе биде се' во ред. Третиот пат се пожалиле дека се дехидрирани, изгубени и исцрпени, па пак побарале помош. На жителите на селото им кажале дека се на ливада обрасната со папрат. Мештаните добро го знаеле теренот, на ливадата немало никој. Бадијала пукале во воздух и ги довикувале... Последниот телефонски разговор е направен околу 22 часот, тогаш Сашо вели дека батеријата е испразнета, апаратот ќе се изгаси.
Сеуште се трага по таткото и синот.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија