Македонија
23. February 2024 - 10:53

Исчезнатиот Александар Јошески од Прилеп е пронајден мртов

Александар Јошески од Прилеп по кого се трагаше неколку дена, синоќа е пронајден мртов, јавија членови на неговото семејство на социјалните мрежи.

„Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е веќе меѓу нас“, напишаа најблиските.

Јошески исчезна на 21 февруари, а последен пат бил виден кај автомеханичар „Цуцуло“.