Ирска го укинува карантинот по шест недели
Ирска го укина вториот по ред карантин, по што музеите, кино салите, фризерските салони и спортските сали повторно се отвораат по шест недели строги мерки, кои беа воведени поради пандемијата на коронавирус.
Ирска на 22 октомври беше првата европска земја која воведе ограничувања поради новиот бран на Ковид-19.
Од денеска повторно ќе почнат да работат музеите, галериите, кино салите, а на граѓаните им се препорачува носење заштитни маски на јавни простори, улици и на работните места, како и во верските објекти.
Рестораните и кафулињата продолжуваат да работат од петок, но на една маса ќе можат да седат само членови на исто семејство.
Во текот на Божик, од 18 декември до 6 јануари, ќе бидат дозволени собирања на три семејства во затворен простор, како и патувања надвор од областа и во странство.
Според најновите податоци, 2.053 лица починале досега од коронавирус во Ирска, во која живеат пет милиони жители. Дневниот број на смртни случаи, кој во април достигна максимум од 77, во изминатите неколку недели е под десет лица.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја