Иранскиот ајатолах Хамнеи забрани преговори со САД
Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хаменеј забрани секакви идни преговори меѓу Иран и САД. Забраната е само неколку месеци откако Техеран потпиша нуклеарен договор со Западот како резултат на повеќегодишните преговори.
Хамнеи јавно не го поддржа договорот со светските сили постигнат во јули. Договорот се оценува како политичка победа на умерените сили во Иран предводени од претседателот Хасан Рохани.
Хамнеи, во обраќањето пред командантите на воената морнарица на Гардата на исламската револуција, наведе дека преговорите со САД на Иран му донеле само негативности.
- Преговорите со САД ги отворија вратите за нивното економско, културно, политичко влијание и за влијанието врз безбедноста. Дури и за време на нуклеарните преговори се обидуваа да им наштетат на националните интереси во секоја прилика, посочи Хамнеи.
Ставовите на ајатолахот се спротивни на претседателот Рохани, кој се надева на нормализирање на односите со Западот и повеќепати навел оти е подготвен да преговара со Западот за решавање на регионалните проблеми.
Ново на Сител
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен
-
Комората на Македонија - Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован – годинешни младенци за Галичка свадба
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК