Иран: Сериозно ќе одговориме на евентуалните европски санкции
Иранското Министерство за надворешни работи предупреди дека сериозно и силно ќе одговори на евентуалните европски санкции.
Портпаролот на иранското МНР, Абас Мусави изјави дека Техеран е целосно подготвен да одговори на секоја добра волја и конструктивен напор за зачувување на нуклеарниот договор.
– Велика Британија, Франција и Германија покренаа акција во рамките на иранскиот нуклеарен договор и отворија пат кон можни санкции како одговор на обидите на Техеран да се повлече од одредени делови на договорот, изјави шефот на дипломатијата на Европска Унија, Жозеп Борел.
Трите земји, кои во 2015 година потпишаа меѓународен договор, заедно со САД, Русија и Кина, преку писмо ги известија Борел, дека покренуваат механизам за спорот, зголемувајќи го притисокот врз Техеран.
Тие истакнаа дека целта на одлуката е да се зачува договорот и со Иран да се разговара што треба да направи земјата за да ги измени своите одлуки. Како што нагласија, целта не е повторно воведување санкции од ЕУ.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце