Иран предлага да посредува во конфликтот во Нагорно Карабах
Иран понуди да посредува во конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија и повика на почитување на договорот за прекин на огнот од 2020 година. Предлогот беше даден неколку часа откако Азербејџан започна голема воена операција за контрола на Нагорно Карабах, јави ДПА.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канаани повика на почитување на договорот за прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија, кои ги делат границите со Иран. Пред само неколку дена иранскиот министер за одбрана Мохамад Реза Аштиани предупреди на опасност од војна во регионот.
Иако Нагорно-Карабах е на азербејџанска територија, мнозинството од населението се Ерменци. Двете соседни поранешни советски републики со децении се борат за Нагорно Карабах. Односите меѓу Азербејџан и Иран се тешки. Техеран постојано го обвинува Баку за соработка со Западот и Израел. Иран, како и Русија, одржува добри односи со Ерменија. Сепак, високи воени претставници од Баку и Техеран неодамна се состанаа на разговори и потпишаа договор за продлабочување на одбранбената и воената соработка, јави ДПА.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта