Иран нема да презема понатамошни воени активности
Постојаниот претставник на Иран во ОН, Маџид Тахт Раванчи, изјави денеска дека неговата земја ја завршила одмаздата за Сулејмани и нема да преземе понатамошни воени активности.
– Сите наши активности беа пропорционални со убиството на Касим Сулејмани. Тие завршија. Ако САД повеќе не преземаат воени активности против Иран, тогаш ние нема да преземаме вакви активности, истакна постојаниот претставник.
Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН и Советот за безбедност, постојаниот претставник на Иран исто така истакна дека неговата земја целосно ја почитува независноста, суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Република Ирак.
Тие зборови доаѓаат во одговор на реакцијата на Багдад. Министерството за надворешни работи на Ирак соопшти дека го повикал иранскиот амбасадор да протестира против ракетните напади на Иран врз ирачки бази.
Иранскиот дипломат го опиша ракетниот напад како „прецизна операција“ чија цел биле воени инсталации за да не се предизвикаат жртви на цивили и оштетување на цивилните објекти во областа.
Иран е посветен на одржување на мирот и меѓународната безбедност и нагласува дека не бара ескалација или војна, додава Маџид Тахт Раванчи.
Ново на Сител
-
Затворска казна за возач во Бугарија фатен со 3,04 промили алкохол
-
Дисциплинска постапка за двајцата лекари кои физички се пресметале во Клиничката болница - Штип
-
Во Скопје пронајдена дрога кај две млади лица
-
Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе мора да враќа 50 милиони евра за нечии хирови
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми
-
Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“