-->
-->
Иран на Киев ќе му ги испрати црните кутии од авионот
-->
Иран во Украина ќе ги испрати црните кутии од украинскиот авион кој по грешка беше соборен на почетокот од месецов, јави новинската агенција Тасним.
Иранските власти исто така се подготвени експерти од Франција, Канада и САД да ги испитаат податоците од црните кутии, јави агенцијата.
Во падот на авионот на 8 јануари загинаа сите 176 патници и членови на екипаж кои се наоѓаа во него.
Со помош на стручно знаење од Франција, Канада и САД, ќе се обидеме податоците од црните кутии да ги анализираме во Киев – изјави надлежниот за иранската истрага Хасан Резаифар.
Ако овој обид не успее, тогаш црните кутии ќе бидат испратени во Франција, додаде тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип