Свет
19. January 2020 - 19:03

Иран на Киев ќе му ги испрати црните кутии од авионот

Иран во Украина ќе ги испрати црните кутии од украинскиот авион кој по грешка беше соборен на почетокот од месецов, јави  новинската агенција Тасним.
 
Иранските власти исто така се подготвени експерти од Франција, Канада и САД да ги испитаат податоците од црните кутии, јави агенцијата.
 
Во падот на авионот на 8 јануари загинаа сите 176 патници и членови на екипаж кои се наоѓаа во него.
 
Со помош на стручно знаење од Франција, Канада и САД, ќе се обидеме податоците од црните кутии да ги анализираме во Киев – изјави надлежниот за иранската истрага Хасан Резаифар.
 
Ако овој обид не успее, тогаш црните кутии ќе бидат испратени во Франција, додаде тој.