-->
-->
Иран ја покажа својата прва хиперсонична ракета „Фатах“
-->
Иран денеска го претстави тоа што неговите официјални лица го опишаа како „прва хиперсонична балистичка ракета од домашно производство – Фатах“.
Веста ја објави официјалната агенција ИРНА, а новиот балистички проектил најверојатно ќе ја зголеми загриженоста на Западот за ракетните способности на Техеран.
Иранските државни медиуми објавија слики од проектилот, наречен Фатах, на церемонија на која присуствуваа претседателот Ебрахим Раиси и највисоките команданти на елитната иранска Револуционерна гарда.
Хиперсоничните проектили можат да летаат со најмалку пет пати поголема брзина од брзината на звукот и на сложени траектории, што го отежнува нивното пресретнување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер