Свет
29. јуни 2020 - 15:16

Иран издаде црвена потерница за Трамп

Иран издаде црвена потерница за американскиот претседател Доналд Трамп и за уште повеќе од 30 лица, поради сомнеж дека се вмешани во нападот со беспилотно летало во Багдад во јануари оваа година, при што беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Иран, исто така, побара помош и од Интерпол за апсење на осомничените, но медиумите оценуваат дека е малку веројатно меѓународната организација за криминалистичка полиција да го прифати барањето на Техеран.

Обвинителот Али Алкасимер истакна дека наведените лица се осомничени за вмешаност во нападот извршен на 3 јануари, во кој е убиен генералот Сулејмани, а обвинети се за убиство и тероризам, објави иранската државна агенција ИРНА.

Алкасимер не ги откри имињата на останатите осомничени, но нагласи дека Иран ќе продолжи судски да го гони Трамп и откако ќе му заврши претседателскиот мандат.