Свет
21. October 2015 - 8:35

Иран испраќа дополнителни воени советници во Сирија

Иран го зголеми бројот на воени советници во Сирија, изјави синоќа во Техеран заменик министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.

- Зголемувањето на бројот на иранските воени советници во Сирија има за цел зајакнување на стабилноста во земјата. Тие таму се наоѓаат за помош во антитерористичката кампања и по официјално барање на Владата во Дамаск, изјави тој.

На прашањето дали Иран се смета себеси за стратегиски сојузник на Русија или само за дел од коалицијата со Москва за време на сегашната воена кампања во Сирија, Абдолахин одговори: - Ние имаме стратешки односи со Русија. Врските на Иран со Русија за целиот период по исламската револуција, никогаш немале времен карактер и не се ограничувале со некакви определени периоди.