Свет
23. November 2017 - 10:09

Ирак почна операција против ИД на границата со Сирија

Ирак почна воена операција во западните пустински области на границата со Сирија за остранување на последните останати џихадисти од групата Исламска држава.

Сили на ирачката армија и полиција и паравоените шиитски одреди Сили за народна мобилизација учествуваат во операцијата за чистење на пустински области во провинциите Салах ад Дин, Нинива и Анбар, соопштија ирачки воени извори.

Целта е да се спречат џихадистите да ги употребуваат тие области како база за идни напади.