Свет
5. March 2018 - 10:39

Ирачките власти наредија конфискација на имотот на Садам Хусеин и негови соработници

Ирачките власти донесоа одлука да се конфискува имотот на поранешниот претседател Садам Хусеин, како и на 4.257 високи функционери од неговиот режим, кој беше урнат по инвазијата предводена од САД во 2003 година.

Списокот на кои треба да им се одземе имотот го состави посебен орган, задолжен за истрага на поранешните членови на партијата Баас на Садам Хусеин.

Со мерката се опфатени и сопругите, децата, внуците и други блиски роднини на поранешните функционери.

Ново на Сител