Ирачките сили зазедоа стратешки важен мост во Мосул
Ирачките сили, кои имаат поддршка од САД, го зазедоа денеска најјужниот мост во Мосул, преку реката Тигар, се наведува во соопштение на армијата.
Станува збор за еден од петте мостови преку Тигар, од кои сите се оштетени во воздушните напади на коалицијата, предводена од САД.
Кога ќе биде поправен мостот ќе им овозможи на ирачките сили да доведат воени зајакнување и да внесат резерви од источните делови на градот, со што се создава дополнителен притисок врз џихадистите во западниот дел на градот.
Ирачките сили вчера продолжија да навлегуват подлабоко кон западниот дел на Мосул за да го заземат мостот преку Тигар и да го поврзат источниот брег на реката, кој е под контрола на Владата со западниот брег, каде во тек е офанзива на преостанатите џихадисти.
Ирачките сили го зазедоа источниот дел на Мосул во јануари, по сто денови борба, а нападот на окрузите западно од Тигар го покренаа пред една недела.
Ново на Сител
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата