ИОМ: Повторно се зголемува миграцискиот прилив од Турција кон Грција
Во Грција, со чамци од Турција, дневно пристигнуваат по околу 150 имигранти, таа маршрута кон Европа веќе не е херметички затворена, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
- Бројот на новодојдените имигранти во Грција, кој порано овој месец беше сведен буквално на нула, сега одново почна да расте. Во последните три дена пристигнаа по 150 лица на ден, изјави портпаролот на ИОМ Џоуел Милман на брифинг во Женева.
Според него, зголемувањето на бројот може да се должи на поубавото време или поради шверцерите на мигранти кои ја зголемиле активноста.
Од почетокот на годината преку Средоземното Море во Европа пристигнале над 180.000 мигранти и бегалци, а над 1.200 загинале или исчезнале без трага за време на своето патување, рече Милман.
Најмногу од нив пристигнале во Грција - 154.227 лица, по што следува Италија со 24.927 лица. Пристигнатите имигранти во Шпанија се 1.063, а во Кипар 28.
Ново на Сител
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата