-->
-->
Инзаги ќе го преземе Лион
-->
Поранешниот тренер на италијанскиот Милан, Филипо Инзаги е главен кандидат да го преземе францускиот клуб Олимпик Лион, објавува француската телевизиска станица „Еуроспорт’’.
Лион е во голема резултатска во криза, а веќе шест натпревари во низа во француската Лига 1 нема победа. Тоа е една од главните причини поради која се почесто се говори дека актуелниот тренер Хубер Фурније наскоро ќе заработи отказ.
Иако Инзаги се уште е на платниот список на Милан, поради предвремениот раскин на договорот, сепак Лион планира сумата од 1,5 милион евра да ја преземе како обврска од миланскиот клуб, пишува „Еуроспорт’’.
Легендарниот италијански напаѓач, досега како тренер има работено само во една сезона во Милан, а изминатово лето на клупата на „Росонерите’’ го замени Србинот, Синиша Михајловиќ.
Лион кој имаше шампионски амбиции во Лига 1, во моментов со 26 бодови се наоѓа на 9.место на табелата со речиси двојно помалку од лидерот ПСЖ (51 бод), односно шест помалку од Монако кој е втор, а чие место гарантира пласман во Лигата на шампиони следната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна
-
Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утрврдување тешка дисциплинска повреда