-->
-->
Инзаги доби отказ во Салернитана
-->
Калчолигашот Салернитана му врачи денеска отказ на својот тренер Филип Инзаги, кој на клупата на последнопласираниот тим во Серија А се задржа само 18 натпревари.
Салернитана на своето конто има 13 бодови, со две победи и седум нерешени.
Последниот од вкупно 15-те порази сезонава го претрпе во петокот против Емполи (1-3), што доведе клупското раководство да ја раскина соработката со Инзаги.
Педесетгодишниот Инзаги пред ангажманот во Салернитана беше на клупата на Реџина, Бреша, Беневенто, Болоња и Венеција, а во сезоната 2014/15 го предводеше Милан во кој остави голема трага
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП