Македонија
30. March 2020 - 19:45

Интервју со амбасадорот на Кина: Пристигна првата финансиска помош , барањето на државата е прифатено и се бара начин за транспорт на опремата

Еден милион и деветстотини и триесет милиони денари како првична помош од Кина се уплатени на сметката на министерството за здравство потврдија од кинеската амбасада за Сител. Денеска помош во средства за заштита е донирана и за МВР и медиумските работници. Веќе е одобрено и барањето кое официјално било доставено од македонската влада на 13 март, но се бара начин за транспорт на помошта. Во интервју за Сител амбасадорот Џанг Ѕуо порачува граѓаните да бидат внимателни и да ги користат сите заштитни средства. Лекарите во Кина работат на вакцина за КОВДИ -19 и се надеваат дека наскоро ќе можат да објават добри вести. Во продолжение целосното интервју со амбасадорот Ѕуо.