Интервенции на ЈП Улици и патишта по невремето во Скопје
ЈП Улици и патишта Скопје соопшти дека нивни екипи интервенираат на улиците кои се поплавени од денешните обилни врнежи од дожд.
Од претпријатието информираат дека денеска 20-тина крстосници се целосно исклучени или на трепкаво светло и во координација со полиција се регулира сообраќајот.
Со ангажираност на сите работници и механизација се вршат активности на улиците во сите општини, се исправуваат латерни на семафорите, се санираат дефектите на сите семафори, се санираат оштетените заштитни столбови и екипи во координација со Градот и другите јавни претпријатија вршат активности за отстранување на паднати дрвја, како и за расчистување на шахтите и сливниците, посочуваат од претпријатието и додаваат дека нивни екипи продолжуваат со потребните интервенции во текот на целата ноќ со цел да се санираат сите оштетувања на собраќајниците како последица од невремето.
Ново на Сител
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово
-
СДСМ не исклучува разговори и со Таравари за локални
-
Преглед на вестите од светот
-
ССМ на првомајски протест
-
Традиционален првомајски пикник
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот