Фудбал
6. January 2021 - 19:57

Интер загуби на гостувањето во Џенова

Денешниот ден донесе изненадување во италијанската серија  А и незгоден пораз за Интер на гостувањето кај Сампдорија, Џенова без Пандев повторно поразена и останува на дното на табелата.  
Аспирантот за скудетото,  Интер  беше надигран и поразен во Џенова со 2-1 од домашната Сампдорија. 
Гостите беа во можност да го отворат резултатот но Санчез во 12м промаши пенал.  Следуваше пенал на спротивната страна и Кандрева носи водство за домаќинот во 23-тата минута додека по само 15 минути Кеита Балде зголемува на 2-0. 
Интер се врати во игра во 65-тата минута со погодокот на Де Фрај но не успеа да го избегне незгодниот пораз. 
Значајни три бода освои Рома на гостувањето кај Кротоне со победата од 3-1 која дојде по убедливо водство остварено со двата гола на Мајорал и прецизниот удар од белата точка на Мхитаријан. 
Почесниот погодок за Кротоне беше дело на Големиќ. 
На останатите средби Болоња и Удинезе во чии редови настапи Илија Несторовски одиграа 2-2, Лацио ја совлада Фиорентина ос 2-1 додека Аталанта однесе победа од 3-0 против Парма. Немаше победник на дуелот Торино – Верона кој заврши со резултат 1-1.