Loading Video...
Фудбал
22. October 2018 - 14:32

Интер во 93-та минута го доби градското дерби против Милан

Аргентинецот, Мауро Икарди му донесе победа на Интер во големото градско дерби против Милан кое се одигра во рамките од 9.коло на Серија А.
 
На мечот кој изобилуваше со бројни дуели, но и без вистински шанси, победата од 1-0 за Интер ја обезбеди Икарди со голот во втората минута од судиското дополнение (90+2). 
 
Со новите три бода и вкупно 19, Интер го одржува чекорот со водечката двојка,  односно лидерот Јувентус кој има 25 и второ пласираниот Наполи кој има 21 бод. 
 
Милан е 12-ти со само 12 бодови по осум одиграни меча.