Македонија
15. July 2016 - 15:43

Интензивирани активностите на инфраструктурните проекти во Општина Василeво

Со забрзан интензитет течат градежните активности на неколку инфраструктурни проекти во Општина Васиелво, информираат од општината.

Според локалните власти, нормално тече реализацијата на капиталниот проект „изградба на порој во село Сушево“, за кој општината има обзбедено пари од Агенцијата за финанасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година. Паралелно се уредува и улицата која се простира покрај него каде што веќе се поставени подземните кабли за канделабрите со кои ќе биде осветлена улицата.

Истовремено активности се одвиваат и во селата Дукатино и Градашорци.

Повеќенаменското игралиште во населеното место Дукатино е асфалтирано, поставена е електричната инсталација за рефлекторите, а следната фаза е оградување, по што ќе следи и монтирање на спортските реквизити. Со планираната динамика се одвиваат и работите на улица 5 во КО Градошорци за  пристап до индустриската зона, каде деновиве е завршена изградбата на бехатонската патека од двете страни на улицата.

-Многу бргу градежните активности во општина Василево ќе го зголемат својот обем. Во оваа прилика ја најавувам изградбата на три улици за кои Општината има обезбедено средства, тендерските постапки се комплетно завршени и договорите со изведувачите се потпишани, вели градоначалникот на Општина Василево, Ванчо Стојанов.

Според него, со грант од Светска банка обезбеден преку Министерството за финансии, ќе се градат две улици во Старо Владевци и во Василево од центарот на селото до хотел Мис Стон. И во населеното место Ангелци ќе биде изградена една улица, која води кон селската црква за која општината обезбеди средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.