Инстаграм воведува користење вештачка интелигенција за утврдување на возраста на корисниците
Социјалната мрежа „Инстаграм“ почнува да користи вештачка интелигенција за да утврди дали помладите корисници ја фалсификуваат својата возраст на апликацијата, соопшти денеска компанијата „Мета“, која е сопственик на оваа платформа.
„Мета“ веќе некое време користи вештачка интелигенција за да ја утврди возраста на корисниците на различни апликации, а „Инстаграм“ од сега, како што се наведува, проактивно ќе бара профили за кои постои сомнеж дека припаѓаат на тинејџери, а кои имаат неточно внесен, односно постар датум на раѓање при регистрација на профилот.
Ако се утврди дека корисникот ја фалсификувал својата возраст, профилот автоматски ќе се претвори во „тинејџерски профил“, кој има повеќе ограничувања од профилот за возрасни.
Тинејџерските профили на „Инстаграм“ се автоматски заклучени, односно приватни, што значи дека корисниците можат да ги следат овие профили само доколку сопствениците им го дозволат тоа со прифаќање на барање за следење, а заштитени се и пораките што ги добива сопственикот на профилот, односно добива само пораки од корисници со кои веќе е поврзан на апликацијата.
Содржината што е декларирана како „чувствителна“, како што се сцени на физичко насилство или промовирање пластична хирургија, исто така е ограничена, соопшти „Мета“.
Тинејџерите исто така ќе добиваат известувања доколку поминале повеќе од еден час на апликацијата, а воспоставен е и „режим на спиење“, кој меѓу 22 часот и 7 часот наредниот ден ги исклучува известувањата за пристигнати пораки и на некои од нив автоматски одговара.
„Мета“ додава дека вештачката интелигенција што ќе се користи за овие цели е обучена да бара одредени сигнали, како што е видот на содржината што се појавува на профилот и информациите за профилот, со цел да се утврди возраста на неговиот сопственик.
Компаниите кои се сопственици на социјалните мрежи се соочуваат со сè поголема контрола поради влијанието на апликациите како Инстаграм, X и ТикТок врз менталното здравје на помладите корисници.
Ново на Сител
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена