Инспекторатот ќе проверува дали биле прекршени протоколите при прославата на роденденот на Ахмети
Инспекторатот ќе проверува дали 15-те функционери од ДУИ ги прекршиле протоколите вчера во просториите на новиот објект на Министерството за политички систем.
Претседателката на Инспекцискиот систем, Магдалена Грашкоска вели дека инспекторатите постапуваат неселективно.
-Надлежната инспекција ќе провери дали имало прекршување на протоколите и дополнително ќе бидете известени за сѐ што ќе биде констатирано од нивна страна, рече Грашковска.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера објави фотографија на која 15 функционери од ДУИ без маски и одржување на дистанца го прославија роденденот на партискиот лидер, Али Ахмети.
Фотографијата беше тргната по реакциите од јавноста, а вицепремиерот Артан Груби во изјава за „А1он“ рече дека протоколите за заштита од Ковид-19 се почитувале.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка