Балкан
18. May 2016 - 9:51

Иницијатива за разрешување на хрватскиот вицепремиер Карамарко

Претседателот на хрватската опозициска Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ соопшти дека претениците од оваа партијата денеска во Саборот ќе поднесат иницијатива за разрешување на вицепремиерот и лидер на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко.

Како што јави Танјуг, Милановиќ изјави дека Карамарко, поради сомнителни зделки на неговата сопруга Ана со консултатот на унгарската нафтена компанија МОЛ, Јосип Петровиќ, ги поставил своите приватни интереси над националните. 

Загребскиот неделник „Национал“ пишува во последниот број дека лобистот на МОЛ, Јосип Петровиќ и плаќал за консултантски услуги на фирмата на Ана Карамарко. 

Според „Национал“, пред ХДЗ да дојде на власт, Петровиќ и платил најмалку 60.000 евра на Ана Шариќ, тогашната партнерка, а сегашна сопруга на Карамарко.