Иницијатива во Белгија: Еден месец без алкохол
Во Белгија е покрената кампања со која граѓаните се повикуваат да се откажат од алкохолот во текот на февруари.
Иницијативата наречена „Tournée Minérale“, покрената од Фондот за борба против рак и стручниот центар ВАД за алкохол и дрога, ја поддржаа и некои ресторани кои нудат специјални безалкохолни коктели.
Истражувањето, што го спроведе Универзитетот во Гент, покажа дека лицата кои учествувале во кампањата минатиот февруари конзумирале помалку алкохол од останатите месеци во годината.
Околу 120.000 луѓе се пријавија за учество во кампањата. Учесниците изјавија дека „дефинитивно помалку пиеле“ откако еден месец се откажале од алкохолот.
Како што е наведено во резултатите од истражувањето, луѓето кои секојдневно пиеле и вообичаено конзумирале 10 или повеќе алкохолни пијалоци неделно изјавиле дека помалку пиеле по кампањата, по што бројот на пијалоци го намалиле на осум неделно.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење