Информативни сесии за апликантите на Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата
Министерството за култура ќе организира информативни сесии за сите потенцијални апликанти на Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 година.
Целта е заинтересираните да се запознаат подобро со целите и приоритетите на конкурсот и да ги дознаат сите информации потребни за подготвување поуспешна апликација.
Првата информативна сесија ќе се одржи утре во 15 часот во Мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје и ќе опфати седум паралелни инфосесии за сите конкурсни пријави по дејности.
Втората информативна сесија ќе се одржи онлајн на 1 ноември, од 14 до 16 часот на официјалната Фејсбук страница на Министерството за култура, а третата информативна сесија е закажана за 8 ноември од 15 часот во Мала станица и ќе има, исто тала, седум паралелни инфосесии за сите конкурсни пријави по дејности.
Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 година беше распишан на 30 септември 2017, а рокот за пријавување е до 15 ноември 2017.
Поподробни информации за конкурсот и документите за аплицирање може да се најдат и подигнат на линкот: http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3066--2018.
Ново на Сител
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Со возилото кое излета во Вардар управувала една од починатите жени
-
Најмногу очекуваните 25 филма за 2025 година
-
Човекот во автомобилот-бомба пред хотелот на Трамп извршил самоубиство пред експлозијата
-
Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот